Во Хратска исчезна авион со четворица патници

Хрватската полиција денеска претпладне доби дојава од Управата за цивилна заштита дека од радарот на Хрватската служба за воздухопловна навигација во 11:25 часот исчезнал авион од типот „Цесна 182“ на поширокото подрачје на Слуњ.

Во меѓувреме, Хрватската планинска спасувачка служба соопшти дека спортскиот авион со четири патници се урнал северно од Раковица, но потоа ја повлече објавата и напиша на Twitter дека е исчезнат.

Според неофицијални информации, во авионот се наоѓале четворица унгарски државјани. Од друга страна, весникот „Вечерњи лист“ пишува дека неофицијално дознал оти патувале тројца Германци и еден Хрват.

Авионот летал од правец на Сплит кон Германија.

Веднаш по пријавата, во потрагата на теренот се ангажирани над 60 припадници на полицијата и на Хрватската планинска спасувачка служба кои користат дрон. Полицијата соопшти дека во потрагата се вклучени и припадници на специјалната и интервентната полиција.

Лошите временски услови оневозможуваат летање на хеликоптери, кои инаку би се користеле во потрагата. Во моментот на исчезнувањето на „Цесна“, времето било уште полошо. 

Тагови
реклама

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе