Во Кривичен продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина” кој се однесува за незаконското следење на комуникациите.

Предметот се наоѓа во фаза на доказна постапка и сослушување на сведоци предложени од обвинителството.

Претходните неколку рочишта беа затворени за јавност, поради сослушување на сведоци вработени во Управа за безбедност и контраразузнавање, УБК. Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Случајот го води судијката Џенета Бектовиќ, а застапници на обвинението се Артан Ајро и Трајче Пеливанов.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и други лица од УБК.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Хроника

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Read more

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Read more

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Read more

Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: Со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик, на сметка на државниот буџет

Read more
 

Вести

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Читај повеќе

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе

Украина: Соборивме руски борбен авион

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе