Во Куќата на љубовниците во Помпеја најдени останки на двајца мажи

Останките од две лица се пронајдени во урнатините на Помпеја, древниот римски град кој исчезна во ерупцијата на Везув пред 2.000 години, соопшти италијанското Министерство за култура.

Според министерството, скелетите се пронајдени во Куќата на љубовниците и најверојатно се на двајца мажи на возраст од 50 години кои загинале во земјотресот што следел по ерупцијата.

Директорот на Археолошкиот парк, Габриел Цухтригел, изјави дека тие не починале од вулканска пепел, туку од уривање на ѕидовите, чии фрагменти биле пронајдени меѓу нивните згмечени коски.

„Современите техники на ископување ни помагаат подобро да го разбереме пеколот што ја уништи Помпеја за два дена, убивајќи ги жителите“, вели германскиот археолог.

URL

Во 79 година вулканот еруптирал и го уништил градот

Околу 13.000 луѓе живееле во Помпеја, околу 23 километри југоисточно од Неапол, до 79-та година, кога вулканот еруптирал со сила еднаква на многу атомски бомби. Најмалку 15 до 20 проценти од населението умреле. Во последните два и пол века, археолозите пронајдоа останки на повеќе од 1.300 жртви.

Локалитетот Помпеја е откриен дури во 16 век, а денес е место на голема археолошка активност во обид да се запре долгогодишното запоставување и распаѓање, овозможено со финансиски проект на Европската Унија од 105 милиони евра.

URL

Италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано рече дека конзерваторските работи и понатамошните истражувања продолжуваат.

„Откривањето на овие два скелети ни покажува дека имаме уште многу да истражуваме, да спроведеме уште многу ископувања и да пронајдеме уште многу остатоци“ од огромно богатство за истражување, рече тој.

Помпеја е впишана на листата на светско наследство на УНЕСКО и е втора најпосетувана туристичка дестинација во Италија по Колосеумот во Рим.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе