Во САД само со негативен тест на коронавирус

САД ќе бараат негативен тест на коронавирус за сите кои патуваат во земјата, јавија американските медиуми синоќа. 

Станува збор за нова мерка од државните Центри за контрола на заболувањата (ЦДЦ) која сега е крената на федерално ниво и стапува во сила на 26 јануари. 

-Тестирањето не ги елиминира сите ризици, но ако е комбинирано со период на самоизолација и секојдневни мерки на претпазливост, како носење маски и социјална дистанца, тоа може да го направи патувањето побезбедно, поздраво и поодговорно за намалување на ширење на заразата во авионите, на аеродромите и на крајните дестинации, изјави д-р Роберт Редфилд, директир на ЦДЦ, во најавата за новата мерка.

Новата мерка предвидува сите патници кои летаат за САД да направат тест за инфекцијата најмногу до три дена пред датумот на летот, и да покажат документ за резултатите од тестот или доказ дека прележале COVID-19. Патниците кои нема да приложат резултат од тест за коронавирус, авиокомпанијата има право да ги врати назад. 

Кризниот штаб на Белата куќа за борба со коронавирусот и федералните агенции заедно со ЦДЦ со недели наназад работеле на имплементирање на оваа мерка. 

Тестирањето за патниците во САД засега е на ниво на препорака од ЦДЦ. Центарот препорачува сите патници на внатрешните и странските летови да се тестираат најмногу три дена пред да заминат на патувањето, и повторно да се тестираат по враќањето дома. 

Во меѓувреме, САД се навлезени во „вирусно цунами“, како што многу доктори ја опишуваат ситуацијата со коронавирусот во земјата. Хоспитализациите се на критична точка во повеќе држави. Најзагразони се Аризона, Калифорнија, Арканзас, Оклахома. Во над 30 држави има зголемен број на инфекции. Во некои окрузи на Калифорнија на секои шест секунди заболуваат 30 луѓе, смртните случаи во целата држава во јануари се зголемиле за 915 отсто споредено со ноември.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе