Организаторите на Олимписките игри во Париз ги претставија медалите што ќе ги добијат натпреварувачите за успесите во француската престолнина.
Медалите ги дизајнираше познатата златарница Chaumet, а она што ги прави посебни е нивниот централен дел.
Секој медал содржи 18 грама оригинално железо од Ајфеловата кула.
Точно 5.084 медали ќе имаат од ова парче историја што се користело кога од монументалната градба, која била подигната во 1889 година, било собрано при нејзиното реновирање.
„Уникатен симбол на остварување на соништата. Крајната награда за победа или пласман на подиумот. Тие носат фрагмент од Ајфеловата кула во срцето“, стои во описот на видеото споделено на официјалниот Х профил на Олимписките игри.
Околу тој дел има зраци кои алудираат на прекарот Париз – Градот на светлината. На рабовите ќе биде изгравирана дисциплината во која се натпреварувал спортистот.
Олимписките игри ќе започнат на 26 јули и ќе траат до 11 август.