Војната во Украина ги скара Јармоленко и Тимошчук

Украинската фудбалска ѕвезда Андриј Јармоленко откри дека ги прекинал врските со својот поранешен соиграч Анатолиј Тимошчук поради одбивањето на поранешниот фудбалер на Шахтар и Баерн да ја осуди руската инвазија на Украина.

Тимошчук доби многу критики за неговиот молк откако Русија ја нападна Украина. Некогаш беше капитен на украинската репрезентација, а денес го нарекуваат предавник на својот народ. Во родниот град Луцк го доживеа најголемото можно понижување со тоа што е прогласен за персона нон грата и беше одземена титулата почесен граѓанин.

И покрај воената агресија на Русија против Украина, Тимошчук остана да работи за Зенит и не сакаше да се изјасни за војната во својата татковина. Комитетот за етика и фер игра на Украинската фудбалска федерација му ја одзеде тренерската лиценца, сите титули и почести, а сега и Јармоленко го прекина пријателството со поранешниот играч за врска.

„Го прашав: 'Како спиеш ноќе?', а тој одговори: 'Не спијам'“, изјави Јармоленко во изјава за YouTube каналот КраСава.

URL

„Потоа тој ми се јави. Му реков: „Порано ми беше пример, сега си ништо'. Потоа ми рече да одј*бам, а јас му го кажав истото“, изјави фудбалерот на Вест Хем.

Тимошчук во дресот на украинската репрезентација одигра дури 144 натпревари и постигна 3 гола, со што до ден денес го држи рекордот за најмногу одиграни натпревари за оваа репрезентација. Овој некогаш одличен играч за врска кариерата ја почна во Волин, потоа играше за гигантите Шахтар, Зенит и Баерн, а кариерата ја заврши во 2016 во казахстански Каират. За Украина играше на Мундијалот 2006, како и на ЕУРО 2012 и 2016.

Денес работи како помошник тренер на Сергеј Семак во Зенит од Санкт-Петербург.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе