Voyager 1 е надвор од Сончевиот Систем, со месеци испраќа чудни податоци

Сондата Voyager 1 беше лансирана во 1977 година и го напушти Сончевиот Систем пред десет години.

Околу 46 години по лансирањето, почна да испраќа чудни податоци кон Земјата. Во 2012 година, Voyager 1 го напушти Сончевиот Систем, односно хелиосферата и влезе во меѓуѕвездениот простор. Сега е оддалечена од Земјата околу 24 милијарди километри, односно се работи за вселенско летало кое досега отишло до најоддалечените делови на универзумот.

Преку системот AACS, тој испраќа податоци за својата меѓуѕвездена средина, но веќе некое време испраќа мистериозни податоци на Земјата - повторувачки збир на единици и нули. Инженерите на НАСА испратија шифрирана команда за проверка на системот во март, по што системот за податоци за летот (FDS) покажа што може да биде проблемот.

Имено, се чини дека околу 3 проценти од меморијата на FDS е оштетена, поради што вклучувањето и исклучувањето на системот во ноември 2023 година не го реши проблемот. НАСА верува дека најголемиот дел од штетата е на еден чип во меморискиот систем.

Во март, инженерите испратија FDS таканаречена команда „poke“ која менува одредени адреси на меморијата. Откако добиле одговор 22,5 часа подоцна, експертите забележале дека еден дел од системот покажува чудни отчитувања. Се чинеше дека се во погрешен формат, а инженер од тимот успеа да ги декодира.

Измешаниот сигнал содржеше отчитување на целиот мемориски систем FDS. Тимот на Voyager 1 го спореди со оној што го добија пред да се појави проблемот и успеа да го лоцира изворот на дефектот, пишува Science Alert.

Засега не е познато што точно ја предизвикало штетата на чипот; можеби енергетските честички кои патуваат низ вселената се виновни, или можеби едноставно е староста на системот. Со оглед на тоа што беше лансиран во доцните 70-ти, компјутерите на Voyager 1 се прилично застарени.

Инженерите веруваат дека за неколку недели или месеци ќе успеат да го решат проблемот, односно да ја заобиколат штетата на FDS, по што повторно треба да добиеме точни податоци за границата на меѓуѕвездениот простор.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Британија се враќа во Европа: Пу, пу, не важи Брегзит

Read more

Наука

Универзумот ќе исчезне порано отколку што се мислеше

Read more

Ќе ги чуваме податоците на стаклени плочки: Траат 5.000 години и можат да издржат печење во рерна

Read more

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Read more
 

Гик

Десктоп режимот доаѓа на Android

Читај повеќе

TikTok воведува голема промена за децата што скролаат по 22 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина почна да гради суперкомпјутер во вселената

Читај повеќе

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Читај повеќе

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе