Вработена во МВР наплаќала на рака за издавање лични документи, присвоила 600.000 денари

Вработена во МВР, која работела во одделот за издавање лични карти, на граѓаните им барала пари на рака наместо да им наплаќа со картичка.

Денеска (17.07.2023), Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Л., вработена во отсекот за управни работи во Штип за Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело проневера во службата по член 354 став 5 вв став 1 и 2 вв чл. 45 од Кривичниот законик.

Имено, Н.Л. во својство на службено лице што врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од јануари до мај 2023 година, во повеќе наврати присвоила пари доверени во службата, така што барала од граѓаните – баратели на услуги за издавање лични документи, да ѝ дадат пари на рака при поднесување барање за издавање патна исправа и лична карта под изговор дека можноста за плаќање на ПОС-терминалот со платежна картичка во моментот не е во функција. Притоа таа го искористувала нивното непознавање на законските прописи во МВР, а доверените пари си ги присвојувала стекнувајќи се со противправна имотна корист од речиси 600.000 денари на штета на буџетот на РСМ.

Воедно, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поведе постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Тагови
реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе