Времеплов: 16 години од ударот со глава на Зидан врз Матераци
За време на финалето од Светското првенство во 2006 во Германија се случи еден од најнезаборавните и најконтроверзните настапи во фудбалската историја.
Се играше 109-тата минута, резултатот беше 1:1, кога Зинедин Зидан со глава го удри Марко Матераци во градите. Судијата по консултација со својот помошник го исклучи легендарниот француски фудбалер, а потоа Италија на пенали со 5:3 ја совлада Франција и по четврти пат се искачи на светскиот фудбалски трон.
Зидан тврдеше дека бил испровоциран од Матераци кој ја навредувал неговата мајка, што Италијанецот категорично го демантираше.