Вселенското летало Psyche на НАСА тргна на шестгодишно патување

Леталото Psyche, кое ѝ припаѓа на американската вселенска агенција НАСА, беше успешно лансирано и го започна своето шестгодишно патување до истоимениот астероид.

Астероидот Психа, според научниците, некогаш бил делумно јадро на една планета во раните денови на Сончевиот Систем. Астероидот богат со железо и никел може да содржи индиции поврзани со формирањето на планетите вклучувајќи ја и Земјата. Името го добил според божицата Ψυχή од хеленската митологија (Психа на македонски, Psyche на англиски). Била божица на душата, родена како преубава смртничка која поради убавината станала бесмртна. Била сопруга на богот Ерос со кој ја имала ќерката Хедона.

Вселенското летало Psyche беше лансирано кон крајот на минатата недела со ракетата Falcon Heavy на SpaceX од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, а податоците од телеметријата покажаа дека пристигнал во вселената во добра состојба. Мисијата беше одложувана неколку пати, но лансирањето конечно се случи.

На леталото ќе му бидат потребни околу 6 години за да стигне до астероидот, а потоа ќе орбитира 26 месеци, проучувајќи го со различни инструменти. Ќе користи камери за поглед одблиску, магнетометар за пребарување на магнетното поле, спектрометар на гама зраци за откривање на високоенергетски гама зраци и неутрони, како и радио антена за мапирање на гравитацијата на вселенската карпа.

„Возбуден сум што научната ризница Psyche ќе се отвори како прва мисија на НАСА во 'металниот свет'. Со проучување на астероидот Психа се надеваме дека подобро ќе го разбереме универзумот и нашето место во него, особено во поглед на мистериозното метално јадро на нашата планета Земја“, рече Никола Фокс, соработник во Дирекцијата за научна мисија на НАСА.

Астероидот Психа орбитира околу Сонцето во појасот помеѓу орбитите на Марс и Јупитер. Истражувачите проценуваат дека 30% до 60% од неговото јадро е комбинација од железо и никел.

„Врз основа на податоците што ги имаме, би рекол дека повеќе од половината е метал. Ќе видиме нов вид на објект, така што многу наши идеи би можеле да се докажат како погрешни“, рече Линди Елкинс-Тантон, професорка на Државниот универзитет во Аризона.

Леталото, исто така, ќе ги тестира ласерските комуникации на НАСА во длабоката вселена, експериментален комуникациски метод кој би можел да го зголеми пропусниот опсег за 100 пати во однос на сегашниот стандард, а тоа се радио брановите.

„За неколку недели, Deep Space Optical Communications ќе започне да испраќа податоци на Земјата за да ја тестира клучната способност за иднината на истражувањето на вселената. Она што ќе го научиме ќе ни помогне да унапредиме нови иновативни технологии и да постигнеме похрабри цели во вселената“, рече д-р Прасун Десаи, помошник администратор во седиштето на НАСА.

Тагови
реклама

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе