Втор конкурс за книжевната награда „Пегаз“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат вториот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2020 година.

Конкурсот ќе биде отворен до 15 јуни 2020 година и може да се пријават сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма (во Word или во PDF-формат), на е-пошта: pegaz@arslamina.com. Ракописите ќе ги оценува тричлено стручно жири.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 30 септември 2020 година.

Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ и треторангираните романи.

– На првиот конкурс за „Пегаз“ минатата година пристигнаа 77 ракописи, а за победник беше избран романот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук, кој беше објавен и промовиран. Ракописите што беа позитивно оценети, исто така, добија можност од „Арс Ламина“ да бидат објавени, па така, деновиве од печат ќе излезе и романот „Курвински хроники“ од Александар Русјаков, соопштија организаторите на конкурсот за наградата „Пегаз“.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Култура

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе