Вухан: Од град на духови до преполни журки покрај базен

Илјадници луѓе се забавуваа рамо до рамо, без заштитни маски, лудувајќи на гумени душеци на музички фестивал.

Ова можеби не е слика што можете да си ја замислите во 2020 година, но токму така изгледаше забава во Вухан, кинескиот град од каде почна пандемијата со COVID-19.

Фотографиите со луѓе кои се забавуваат во Wuhan Maya Beach Water Park се чинат како да се направени во друго време, а не само половина година откако почна пандемијата што го смени светот од корен и со која уште се соочуваме.

Овие фотографии се далеку од сликите за Вухан на почетокот на пандемијата во јануари, кога градот беше под карантин – вистински град на духови.

Кога беше прогласен карантинот на 23 јануари, имаше 17 смртни случаи и над 400 заразени со коронавирусот. Тоа беше една недела откако Кина потврди дека имало трансмисија човек-на-човек, нешто што дотогаш не беше потврдено.

Градот од 11 милиони жители беше целосно отсечен од остатокот од Кина, а во текот на следните неколку месеци илјадници луѓе беа тестирани и ставани во карантини. Беа одложени сите јавни собири и властите препорачаа да нема групирања.

Во март, рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат. По еден член на домаќинството смееше да излезе од домот во период од најмногу два часа. Почнаа да отвораат трговските центри, да функционира јавниот превоз, со одржување дистанца и носење маски.

Почнаа да се одржуват венчавки, па младенците кои чекаа со месеци, побрзаа да склучат бракови.

Карантинот беше укинат во април, а од средината на мај нема пријавени случаи на локална трансмисија на коронавирусот во Вухан или во провинцијата Хубеј.

Но, на 12 мај беа регистрирани шест нови случаи на коронавирус. Градот веднаш постави амбициозен план да го тестира целото локално население од 11 милиони луѓе. Заразата за кратко време беше повторно ставена под контрола.

Во јули животот навистина почна да се враќа во нормала, во Вухан и во повеќето делови на Кина. Почнаа да работат кината во голем дел од земјата, како и паркови, библиотеки, музеи...

Денес, се чини дека животот е целосно вратен во нормала во Вухан. Фотографиите од фестивалот HOHA Water Electrical Musical Festival што се одржа викендов сведочат за забава без грижа – гужва, танцување и ниту една маска на повидок.

Иако во Вухан немало локална трансмисија на вирусот од средината на мај и тестирани се 9,9 милиони жители на градот, експертите сепак предупредуваат дека уште има ризик од „увезени“ случаи.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Живот

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Read more

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Read more
 

Магазин

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе