WhatsApp наскоро ќе овозможи користење иста сметка на повеќе уреди

WhatsApp континуирано им овозможува на своите корисници нови функции, а тие наскоро ќе можат да ја користат истата сметка на повеќе уреди.

Кога точно ќе биде достапна новата функција сѐ уште не е познато, но дефинитивно доаѓа. Корисниците наскоро ќе можат да ја користат својата сметка на повеќе уреди. На интернет се појави скриншот од страницата „register device companion“, која ќе им овозможи на корисниците на уредите со Android да ја поврзат својата сметка на WhatsApp со секундарен или друг паметен телефон. Истата опција ќе ја имаат и корисниците на таблети со оперативниот систем на Google, а сѐ уште не е познато дали ќе биде проширена и на iOS уредите.

Новата страница „register device companion“ ќе им се појави на корисниците кои ќе се обидат да го стартуваат WhatsApp на друг уред. Корисникот ќе може да го скенира QR-кодот со својот „главен“ мобилен телефон за да користи друг уред како придружен.

Во моментов WhatsApp не поддржува повеќекратни симултани најавувања, а моменталната функција за поврзан уред на WhatsApp им овозможува на корисниците да поврзат компјутер како секундарен уред. Оваа функција беше воведена во ноември 2021 година и е достапна за корисниците на Android и iOS.

WhatsApp исто така планира да додаде нови емотикони како брзи реакции на статусите на десктоп верзијата. Емотиконите вклучуваат насмеано лице со срца наместо очи, лице со солзи радосници, лице со отворена уста, раце во аплауз, скрстени раце, 100 поени, расплакано лице и други.

Тагови
реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Мобилни

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more
 

Гик

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе