Wizz Air ќе лета од Скопје за Салцбург од 3 јули

Нискотарифната авиокомпанија Wizz Air ќе воведе нови летови од Скопје за Салцбург од 3 јули, а од Белград и Тузла за Салцбург од 2 јули.

Порталот Exyuaviation.com објави дека авиокомпанијата ќе лета двапати неделно од овие градови со авион Erbas A320.

Веста доаѓа само еден ден откако авиопревозникот соопшти дека во јули ќе воведе летови од Милано до Приштина.

Wizz Air соопшти дека по кризата со пандемијата на коронавирусот ќе побара нови прилики и таму ќе ги насочи своите капацитети, додава Exyuaviation.com.

На овие три линии авиокомпанијата нема да има директна конкуренција, иако Air Serbia лета на линија Ниш-Салцбург.

„Свесни сме дека ќе има краток пад на побарувачката поради коронавирусот, па ги намалуваме капацитетите во склад со тоа, но не затвораме ниту една рута или база“, изјави основачот на Wizz Air Јожеф Варади во врска со новата одлука.

Тој додаде дека само ја намалуваат фреквентноста на летови на одредени линии. Исто така истакна дека продолжуваат да нарачуваат авиони и дека до јуни ќе има 22 нови нарачки, со што флотата на компанијата значително ќе се зголеми, па затоа воведуваат нови рути, а можеби и нови бази.

Во април, Wizz Air ги соопшти новите дополнителни мерки за хигиена што ќе ги применува авиокомпанијата од 1 мај: екипажот и патниците да носат заштитни маски, да се одржува физичка дистанца пред чекирање, како и при влегување и излегување од авион, а на летови каде што ќе има можност ќе се обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците.

„Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи – во согласност со владините регулативи – да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракцијата на аеродромот. Употребата на киосците за самостојно оставање багаж – таму каде што е достапно – и брзите ленти за безбедност на аеродромите, се високо препорачани од страна на авикомпанијата за понатаму да се обезбеди и физичка дистанца пред чекирање во авионот. За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот“, стои во соопштението од авиокомпанијата од април.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе