За 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти во скопските КОВИД-центри

Скопје, 15 декември 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, четири пациенти на Институтот за ТБЦ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Очната клиника и двајца на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени два нови болни.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 14 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симптоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 152 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.

Вкупно 497 пациенти потврдени и сомнителни на COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе