За реформата во основното образование ќе бидат консултирани учителите, наставниците, универзитетите, МАНУ, тврди Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека при подготовката на реформата во основното образование ќе бидат консултирани сите засегнати, почнувајќи од учителите и наставниците, универзитетски професори, како и академици односно МАНУ. Целта, е вели премиерот, со реформата да се максимализираат содржините што ќе биде од помош на учениците.

– Мислам дека пред сѐ ќе ја консултираме фелата. Тоа се учителите и наставниците од VI до IX одделение, но и универзитетите, МАНУ, имаме многу експертски фели, институти, кои работат за да може да го согледаме најисправниот терк на самата реформа. Да упатам уште еднаш порака, сите сме или родители или дедовци, баби. Имаме деца во училиштата. Сите знаеме дека мора да го реформираме основното образование. Зошто? Заради тоа што имаме еден голем баланс на непотребни работи кои ги учат нашите деца, а со тоа го скратуваат нивното внимание во другите активности, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање на настан организиран на Пониква.

Целта е, потенцира тој, да се максимализираат содржините што ќе бидат од помош на децата во целосна консултација, не само со експертите туку со сите целни групи.

– Не брзаме никаде. Концепцијата беше претставена во вторникот пред Владата, заклучоците од Владата се токму тоа – консултација со сите, внимателно посветување на секоја една точка, паралелно продолжуваме со реконструкција на училиштата заради тоа што сите дополнителни настави изискуваат и кабинетски настави, рече Заев.

Премиерот посочи дека во собраниска процедура е нов заем од 21 милион евра за основното образование од Светската банка. Дел од овие пари се грант, дел мек кредит, што според Заев, ќе помогне да се постават основите за идниот економски развој на нашата земја.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more
 

Вести

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Читај повеќе
  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе