Заев до Левица: Сакам да знам кој е проблемот во Законот за државјанства

Се трудиме на сите да им објасниме што е важно во однос на Законот за државјанство. Не слушам која е замерката од Левица. Би ја адресирал и би ја коментирал и би ја решил ако знам која е. Тие викаат не може, блокираме и готово. Сакам да знам кој е проблемот во законот. Ние седнавме заедно со двете најголеми опозициски партии од албанскиот блок, Алијанса за Албанците и Алтернатива и навистина во разумен дијалог најдовме решение, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– И сега го најдовме решението, а од друга страна Левица вика блокираме. Иако е помала политичка партија важно е да видиме кои се причините. Јас би ги разгледал, би апелирал за прифаќање, за сѐ што треба да не ги блокираме законите. Некој чека, некој поради тоа не може социјална помош да земе, некој не може да си лечи детенце или самиот да се лечи поради тоа што нема државјанство и нема документи. Само тоа е целта, нема други цели, нагласи Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената блокада за Законот за државјанство по увидот на реновираното крило на Клиниката за ортопедија на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), на кој присуствуваше заедно со министерот за здравство Венко Филипче.

Премиерот Заев посочи дека има граѓани во државата кои по закон треба да добијат државјанство, а не добиле и затоа, со новиот закон само се проширени критериумите и е олеснета постапката да дојдат до овој документ.

– Тие се некои 15-16 нови критеируми, односно во постапката од 2003 или 2004 година, ја вградивме европската регулатива, како се издава државјанство на вака сложени случаи коишто имале проблем во нормална постапка за добивањето на државјанството, изјави Заев.

Тој нагласи дека две децении наназад за државјанство аплциирале 2.400 луѓе, но како што рече, и да е еден, треба да се реши проблемот.

Од партијата Левица го блокираат донесувањето на Законот за државјанства, што е со европско знаменце и тврдејќи дека е „договорен зад затворени врати“ помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Македонија

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе