Заев: Идентитетските прашања не можат да бидат предмет на преговори, има позитивни сигнали за тоа од Софија

Искрено верувам дека е можно до крајот на годината да се дојде до договор со Бугарија кој ќе се темели на европските вредности и со почитување на идентитетските прашања, користејќи го како основа предлогот на португалското претседателство, преземен и од актуелниот претседавач Словенија, смета премиерот Зоран Заев.

Тој на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен потсети дека земјава и досега покажа подготвеност и конструктивен придонес, но посочи дека идентитетските прашања не можат да бидат предмет на преговори, а вели, има позитивни сигнали за тоа од Бугарија.

– Во духот на европските добрососедски односи ќе ги интензивираме разговорите со Бугарија со искрена волја да правиме чекори поблиску до решение на нашите отворени прашања. Ние и досега покажавме подготвеност и конструктивен придонес за решавање на билатералните односи преку заемно почитување и заштита на националното достоинство, но идентитетските прашања едноставно е невозможно да бидат предмет на преговори и среќни сме што од Бугарија стигнуваат сигнали за разбирање за овие прашања кои се исто така и европски вредности, порача Заев.

Изрази искрено уверување дека решение е можно до крајот на годината врз основа на европските вредности.

– Јас искрено верувам како што е надежта и на ЕК, дека можеме навистина до крајот на годината, значи до крајот на декември да изнајдеме решение, кое ќе се темели на европските вредности и правила каде идентитетските прашања се многу важна работа и се почитуваат. Ние ги негуваме сите европски идентитети овде кај нас, сакаме и нашиот македонски идентитет со македонскиот јазик да бидат негувани. Драго ми е што имаме позитивни сигнали во тој дел на најважната област во која што се разговара, рече Заев на новинарско прашање. 

Останатиот дел, додава, се однесува на патоказот преку кој ќе се унапреди и забрза соработката согласно Договорот за пријателство, добрососедство, во кој, посочи, се токму и двете ноти за краткото и долгото име, за немешање во внатрешните работи и слично.

– Јас верувам дека ќе постигнеме договор, на темелите на предлогот на португалското претседателство што словенечкото претседателство го прифати како можно решение кое реално е прифатливо за двете страни. И тука е некаде решението. Духот на пријателството соработката и добрососедството треба да го негуваме двете страни. Не само нашата страна, не само бугарската страна, двете страни затоа што навистина сме први соседи, навистина имаме добра соработка и верувам дека тоа им го должиме и на сегашните и на идните генерации, рече премиерот Заев.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе