Занети: Не ги споредувајте Меси и Марадона

Поранешниот капитен на аргентинската репрезентација, Хавиер Занети, денеска изјави дека Лионел Меси не е најдобриот играч на сите времиња, пренесуваат медиумите во Буенос Аирес.

Меси пред три дена ја освои титулата светски шампион со Аргентина на Светското првенство во Катар. Аргентина во финалето ја победи Франција по подоброто изведување пенали.

Некои аргентински медиуми објавија дека Меси сега е најдобар играч на сите времиња и истакнуваат дека го надминал сонародникот Диего Армандо Марадона, кој со репрезентацијата триумфираше на Мундијалот 1986 година во Мексико.

Сепак, Занети не мисли така.

„Меси не го победи Марадона. Не ми се допаѓаат тие споредби. Мислам дека треба да бидеме благодарни што двајца од најдобрите играчи во историјата на фудбалот доаѓаат од нашата земја. Мислам дека Меси нема да се промени. Тој само стана поискусен и тоа му го пренесе на тимот“, рече Занети.

За аргентинската репрезентација Занети играше од 1994 до 2011 година.

„Репрезентацијата ни пружи големи емоции, бидејќи долги години ја чекавме оваа титула. Овој тим ги исполни соништата на милиони аргентински навивачи ширум светот. Тоа беше одлично финале, кое ќе го паметиме засекогаш“, изјави Занети кој моментално е потпретседател на калчолигашот Интер.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе