Запленети околу 200 кг марихуана, приведени двајца

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера пресекоа меѓународен канал за транспорт на марихуана од Република Албанија во Република Северна Македонија во количина од околу 200 килограми. Приведени се две лица, соопшти МВР.

– По претходно преземени мерки кон Ш.А. (23) од село Ливада, Струшко, кој од претходно ѝ е познат на полицијата како транспортер на дрога и кој бил задолжен да ја презема дрогата од Р. Албанија и потоа да ја транспортира до различни места во државата, вчера (20.03) околу 13 часот, на патот кон село Манастирец, Кавадаречко полициски службеници дале знак за запирање на возило Audi A6 со струшки регистерски ознаки, управувано од Ш.А. (23), но тој не застанал и се дал во бегство, при што оштетил три полициски возила, а било употребено и огнено оружје, по што Ш.А. бил фатен и лишен од слобода, рече Ангеловски.

Remote video URL

При преглед во возилото биле пронајдени седум големи торбици во кои биле сместени 180 полиетиленски пакувања со различна форма во кои имало марихуана, соопшти денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Со дополнително преземени активности во врска со овој случај, посочи Ангеловски, на бензинска пумпа на магистралниот пат Росоман-Прилеп е лишен од слобода и Н.А. (41) од село Зајас, Кичевско, кај кого е пронајден и пиштол „Парабелиум“ 9 мм, без дозвола.

– По претходна издадена наредба за претрес во дом од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево бил извршен претрес во домот на Н.А., при што бил пронајден уште еден пиштол марка „ТТ“ со 32 куршуми калибар 7,62 мм. Приведените во текот на денот ќе бидат предадени на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава, рече Ангеловски.

Remote video URL

Тој најави дека Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Хроника

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе