Запознајте ја новата мис Универзум: Андреа Мартинес, од кошаркарка до мис на Шпанија
Прекрасната Андреа Мартинес победи на натпреварот Мис Универзум. Таа е најубавата жена во Шпанија за 2020 година. Поранешната кошаркарка ќе ја претставува Шпанија и на глобално ниво.
Некогаш една од најталентираните кошаркарки на Шпанија, денес е успешна манекенка. Нејзиниот привлечен изглед е заслужен за голем број обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи.
„Ви благодарам на сите кои верувавте во мене и ме поддржувавте. Сега е време за напорна работа, за Шпанија да го добие заслуженото“, вели 27-годишната Андреа.