Застрашувачки рептил шетал по Јужна Америка милиони години пред диносаурусите

Околу 40 милиони години пред да се појават диносаурусите, огромен предатор шетал низ праисториската Јужна Америка.

Тоа било ера на праисторискиот рептил Pampaphoneus biccai, кој некогаш бил најголемиот и најсуровиот месојад во Јужна Америка, кој се хранел со мали и средни животни. Во новата студија на професорката Стефани Е. Пирс од Универзитетот „Харвард“, се наведува дека рептилот бил страшна ѕверка која секако предизвикувала страв кај сите други суштества.

Меѓународен тим од палеонтолози наишол на исклучително добро сочувани фосилни коски стари 256 милиони години во далечната област Со Габриел во Јужен Бразил.

Пронајдените остатоци вклучуваат недопрен череп и остатоци од коски од ребро и рака. Откриени се фосили во карпи кои датираат од среднопермската ера.

„Пронаоѓањето на нов череп на пампафонеус по толку долго време беше исклучително важно за зголемување на нашето знаење за животното, кое претходно беше тешко да се разликува од неговите руски роднини“, рече Матеус А. Коста Сантус, главен автор од Федералниот универзитет „Пампа“.

Лозата на овој вид може да се проследи до раната терапсидна класапозната како диноцефали, збор што на грчки значи „страшна глава“. Нивната препознатлива особина биле масивните коски на черепот, поради кои и го добиле името.

Покрај овој опишан примерок, истражувачите собрале и фосилни остатоци од некои дополнителни видови од истата изолирана локација Пампа. Овие останки можеби припаѓаат на животни кои пампафонеусот веројатно ги ловел пред својата смрт. Меѓу овие остатоци се остатоците од мал дикинодонт растодон и голем водоземец наречен конжуковија.

Разновидна група на диноцефали постоела непосредно пред еден од најголемите настани на масовно истребување на Земјата, кој збришал дури 86% од сите животински видови.

„Неговото откритие е клучно за да се обезбеди увид во структурата на заедницата на копнените екосистеми непосредно пред најголемото масовно истребување на сите времиња. Спектакуларното откритие ја покажува глобалната важност на фосилните записи на Бразил“, додава Пирс.

Пред истребувањето, диноцефалите сочинувале една од најразновидните групи на големи суштества на земјата во текот на нивната ера, некои биле месојади, а други тревопасни.

Иако се широко распространети во Јужна Африка и Русија, диноцефалите се ретки во другите делови на светот. Во Бразил, Pampaphoneus biccai е единствениот познат вид.

Интересно е тоа што ова не е првпат череп на пампафонеус да биде откопан во Јужна Америка. Ова е всушност откритие на вториот череп, кој е најцелосен. Черепот од 40 сантиметри е значително поголем од претходно пронајдениот. Тимот ја анализираше сложената анатомија на черепот на овој предатор благодарение на извонредната зачувуваност на фосилот.

Пампафонеус ја играл истата еколошка улога како модерните големи мачки. Тоа бил најголемиот познат копнен предатор од пермот во Јужна Америка. Имал големи и остри заби за фаќање плен, а вилицата му била доволно силна за џвакање коски, исто како модерните хиени.

Некои докази сугерираат дека имало уште поголеми членови на овој вид, но тие треба да бидат научно тестирани за да се идентификуваат како пампафонеус.

Научниците веруваат дека приказната за видот Pampaphoneus biccai го истакнува неискористениот потенцијал на регионот Пампа како скапоцен ресурс на праисторискиот свет.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе