Зависност од вежбање навистина постои, еве како да ја препознаете

Б.С.Б.
/ 01.03.2022 / 09:21

Зависноста од вежбање е проблем за кој малку се обрнува внимание, а често се смета за позитивна навика. Но, исто како и секоја зависност, па и оваа може да прерасне во нездрава појава.

Кога зборуваме за промени во навиките, се фокусираме на онаа група луѓе што не се движи доволно, работи во канцеларија или има желба да ги намали килограмите. Поттикнувањето на таков вид промена се зацврстува со промената на годишното време, на пример на пролет или лето, кога популарните термини „тело за на плажа“ се сосем нормални на социјалните мрежи.

Но, нарушувањето за сопствената слика за телото и нарушувањето во исхраната може да доведат до нездрава опсесија за физичка кондиција и вежбање и не се разликуваат премногу од особините на другите зависности. Зависноста од фитнес обично почнува со желба за физичка кондиција, исто како што нарушувањето во исхраната започнува со желба за намалување на телесната тежина.

Некои од знаците на зависност од вежбање:

- опседантост со вежбање

- продолжување со вежби и покрај повреда

- намалени активности во други сфери во животот за да се има повеќе време за вежбање

- сака да направи пауза, но има чувство на грижа на совест

- впуштање во вежбање во тајност.

Истражувачи од Универзитетот во Јужна Калифорнија посочуваат дека резултатите од студија покажале дека 15% од зависниците од вежбање исто така се зависни од цигари, алкохол или недозволени дроги. Се проценува дека 25% може да имаат други зависности како зависност од секс или шопинг.

Вежбањето предизвикува ослободување на одредени хемикалии во нервниот систем кои создаваат чувство на задоволство или награда. Кога се ослободува ендорфин и допамин, тоа се истите невротрансмитери кои се ослободуваат во текот на земање дрога.

Кога ќе престанете со вежбање, тие исти трансмитери исчезнуваат, што значи дека лицето мора што повеќе да вежба за да го поттикне ослободувањето на хемикалии.

реклама

Фит

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more
 

Магазин

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе