2.МФЛ 2022/2023

Заврши полусезоната во 2.МФЛ, Гостивар лидер пред Вардар

Филип Здравески
/ 10.12.2022 / 15:14

Есенскиот дел од втората македонска фудбалска лига заврши со комплетирањето на денешното 15-то коло.

Фото: ФК Вардар Скопје

На врвот на табелата ќе презими тимот на Гостивар кој со лесна победа над Караорман не му дозволи на Вардар да за зачува лидерското место. За потсетување, Вардар својот натпревар против Кожуф го одигра синоќа и славеше победа од 2:0, а врвот го загуби кога во Битола одигра нерешено со Пелистер.

На третото место останува Воска Спорт, уште еден клуб со прволигашки амбиции, кој денеска немаше тешка задача против последнопласираниот Борец, убедливо најслабата екипа во лигата. Велешани есенскиот дел го завршуваат без ниту еден освоен бод.

Пелистер останува четврти со надежи барем за бараж, а исти такви надежи гае и изненадувањето Детонит Плачковица од Радовиш.

Резултати:

Вардар - Кожуф 2:0 (синоќа)
Саса - Пелистер 1:2
Беса 1976 - Локомотива 2:0
Гостивар - Караорман 5:1
Воска Спорт - Борец 6:0
Слога 1934 - Детонит Плачковица 1:3
Беласица - Охрид 1:1
Тетекс - Арсими 0:2

Табела:

  1. Гостивар 37
  2. Вардар 36
  3. Воска Спорт 34
  4. Пелистер 30
  5. Детонит Плачковица 29
  6. Охрид 26
  7. Беса 1976 21
  8. Арсими 20
  9. Беласица 20
  10. Караорман 20
  11. Кожуф 17
  12. Локомотива 14
  13. Саса 13
  14. Слога 1934 10
  15. Тетекс 7
  16. Борец 0

Пролетниот дел почнува на 18 февруари со натпреварите од 16-тото коло.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе