Здрави, а евтини намирници кои треба да ги јадеме секој ден

Намирниците кои може да имаат огромно влијание на здравјето може да ги најдете во секоја продавница, не постојат само во специјализираните продавници за храна.

EatThis објави листа на најздрави намирници кои би требало да ги јадете секој ден.

Маслиново масло

Редовното користење на маслиново масло во исхраната е позврзано со ниска инциденца на рак, срцеви болести и други проблеми поврзани со дебелината. Студија во PLOS One покажа дека пожарникарите кои се придружувале на исхрана во медитерански стил богата со маслиново масло, имале 35% намален ризик од метаболички синдром, како и 43% помал ризик од зголемена телесна тежина.

Леќа

Леќата е дел од исхраната на луѓето околу 13.000 години. Таа е евтин облик на вегетаријански протеин и влакна кои имаат способност да намалат воспаленија, да го снижат холестеролот, да ја поттикнат работата на метаболизмот.

Студија откри дека исхраната богата со намирници за стабилизација на шеќерот во крвта, како леќата, може да намалат воспаленија предизвикани од болести за 22%.

Ореви

Нова научна студија сугерира дека една дланка ореви содржат скоро двапати повеќе антиоксиданси кои се борат против болести.

Оревите се еден од најдобрите извори на омега-3 масни киселини и се добри за срцето. Истражување на Американскиот колеџ за кардиологија откри дека којсумирањето ореви еденаш или повеќе пати неделно е поврзано со 19% помал ризик од вкупните кардиоваскуларни болести и 23% помал ризик од коронарни болести на срцето.

Овесни снегулки

Овесот е богат со вид растворливи влакна наречени бета-глукан и антиинфламаторно соединение авенантрамид, кои заедно помагаат во спречување на здравствени проблеми позврзани со дебелина, вклучувајќи и болести на срцето и дијабетес.

Една 10-годишна студија во American Journal of Public Health откри дека јадењето една порција овесна каша два до четири пати неделно го намалува ризикот од дијабетес тип 2 за 16%.

Јаболко

Сè повеќе истражувања покажуваат дека полифенолите во лушпата на јаболката може да нè спасат од многу работи. Студија покажа дека 75 г јаболко (еквивалент на две јаболка со средна големина) го намалува нивото на лошиот холестерол за 23% во споредба со еквивалентна порција на суви сливи.

реклама

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе