Жените го избраа најдобриот автомобил во светот за 2024 година

Вкупно 75 жени, автомобилски новинарки од 52 земји ширум светот, го избраа светскиот автомобил на годината за 2024 година. Прогласувањето на победникот во овој избор се совпаѓа со Меѓународниот ден на жената.

Престижното жири на наградата за женски избор за автомобил на годината (WWCOTY) го прогласи Kia EV9 за најдобар автомобил во светот за оваа година. Ова е првпат жирито на WWCOTY да избере целосно електрично возило (кое нема друга опција за возење) за Светски автомобил на годината.

Пред гласањето, 75 женски автомобилски новинарки од пет континенти макотрпно тестираа бројни модели на автомобили, темелно оценувајќи го секој аспект од возилото. Меѓу 63-те кандидати, најдобрите автомобили во секоја категорија беа избрани за победници во почетниот круг на гласање.

Победници во нивните категории беа:

BMW Серија 5 (автомобил подолг од 4,6 м)

Volvo EX30 (автомобил до 4,6 м)

Kia EV9 (SUV)

Volkswagen Amarok (4x4 и пик-ап)

Aston Martin DB12 (ексклузивен автомобил)

Во следниот круг на гласање, овие финалисти ја формираа основата за одредување кој ќе ја освои престижната титула Светски автомобил за 2024 година.

„Овогодинешниот избор беше особено тежок поради многу добрите карактеристики на сите кандидати. Секој од финалистите имаше доволно заслуги да го освои трофејот. Kia EV9 ги победи своите ривали бидејќи возилото е способно да ги задоволи потребите на потрошувачите во повеќето делови на светот“, рече Марта Гарсија, извршна претседателка на WWCOTY.

По внимателна анализа и темелно тестирање, мнозинството гласови ги доби Kia EV9 како водечки избор во морето на електрични теренци. Со импресивен простор и понуда од седум седишта, тој е еден од првите од ваков вид во својата класа.

И покрај значителната должина од пет метри, возилото се издвојува дури и со добар резултат кога зборуваме за аеродинамика, и покрај блоковитиот дизајн, што придонесува за добри перформанси и ефикасност. Имено, Kia EV9 донесе впечатлив и храбар дизајн, напредна технологија, како и различни опции за полнење на батериите.

Правилата за избор на кандидати беа дека автомобилот мора да биде нова генерација, а не редизајн и дека возилото мора да се продава на најмалку два континента.

Да потсетиме дека во 2023 година за светски автомобил на годината беше Kia Niro, потоа во 2022 година Peugeot 308, а во 2021 година Land Rover Defender.

Еве што рекоа некои од членовите на жирито на WWCOTY кои гласаа за Kia EV9.

„Kia EV9 навистина ги менува правилата кога станува збор за електрични возила. Верувам дека овој конкретен модел ќе биде оној за кој подоцна ќе кажеме „тогаш електричните возила станаа достапни, лесни за користење и пожелни за повеќето клиенти“. Ниту едно друго возило не ги преземало истите ризици и ги поместило границите на дизајнот и инженерството толку многу“, рече Тања Газдик од САД.

„Kia разви голем SUV со е-мотор, кој се издвојува по својата аеродинамика, иновативен дизајн и многу врвна технологија и автономно возење на ниво 3. Но, исто така се издвојува затоа што нуди наизменично полнење и ултрабрзо 800 волти“, изјави Сара Сорија од Шпанија.

„Широкото прифаќање на електрификацијата ќе зависи од достапноста на електричните возила во повеќето сегменти. Kia EV9 нуди семејна внатрешност и, пред сè, возачко искуство што е блиску до она на бензинот, но без издувни гасови. Овој модел ќе привлече многу купувачи кои не се навикнати на е-возила“, истакна Џил Мекинтош од Канада.

„Многу атрактивен, простран, разноврсен, повеќенаменски електричен автомобил. Електричниот погон на четири тркала е исто така добар, а различните режими на возење го прават EV9 одлично возило дури и во нордиска зима и снежни услови. Го тестирав автомобилот во мраз и на температури под минус 25 степени и бев задоволен, бидејќи на студеното зимско време ЕВ9 се однесуваше како нормална, дури и луксузна кола.Брзо се загреваше, а температурата под нулата не влијаеше многу на досегот.Одлично достигнување на јужнокорејскиот производител на автомобили“, изјави Иле Рајасаар од Естонија.

„Kia EV9 ги има најнапредните решенија на пазарот, како предна решетка со LED осветлување и внатрешност која може да се трансформира во дневна соба благодарение на седиштата кои се вртат за 180 степени. Во кабината може да се сместат до седум патници, а најмоќната верзија со два електромотори развива до 384 КС со импресивни перформанси“, изјави Исадора Карваљо од Бразил.

„Возењето на автомобилот е предвидливо, секогаш го прави токму она што го барате од него. Понекогаш дури заборавам дека ова е навистина големо возило, што е за пофалба. Со EV9 имате возило подготвено за иднината, не само кога зборуваме за многудетни семејства, туку и за енергетска ефикасност“, изјави Роуан Пеперкамп од Холандија.

Инаку, WWCOTY е единственото жири за доделување на наградата Светски автомобил на годината која е составена исклучиво од женски автомобилски новинарки.

Основана е од новозеландската автомобилска новинарка Сенди Мајр во 2009 година. Денес таа е почесна претседателка, додека Марта Гарсија е извршна претседателка.

реклама

Авто новости

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе