Жестока тепачка на бејзбол натпревар
San Francisco Giants ги победија Washington Nationals со резултат од 3:1, но играта не беше она по кое ќе биде запаметен овој натпревар.
Фрлачот на Giants Хантер Стрикланд фрли топка што достигна брзина од 157,7 километри на час и го погоди играчот на гостинскиот тим Брајс Харпер.
Играчот на Nationals сметаше дека тоа не е случајно, туку е одмазда на Стикланд на неговото прозивање пред три години кога во клучен момент од плејоф натпреварот осигураше триумф на неговиот тим, а потоа ги провоцираше Giants.