УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Жезуш: 30 години сум тренер и не сум видел вакво промашување

За неверојатното промашување на Сеферовиќ против Барса уште долго ќе се зборува, а и генерациите во иднина од него ќе учат како не треба.

Тренерот на Бенфика, Жорже Жезуш, не може да поверува како еден професионален фудбалер може да промаши толкав празен гол. Синоќа швајцарскиот репрезентативен напаѓач Харис Сеферовиќ имаше колосална шанса да ја потопи Барселона, излезе сам пред голот, но некако успеа да промаши, на неверување на сите.

„За 30 години како тренер никогаш немам видено вакво нешто, но ете се случи. Ми се случи мене и на Бенфика“, рече Жезуш сѐ уште во неверување.

Во третата минута од судиското надополнување Бенфика одигра брз контра напад, Сеферовиќ прво мајсторски го мина голманот Тер Штеген, но потоа успеа да шутне крај левата статива. Тренерот Жезуш во тој момент падна на колена и ја заби главата в земја во неверување.

URL

„Тимот создаде шанси, остваривме резултат кој нѐ остави во позиција да сонуваме (за пласман во осминафиналето, заб. на прев), но не зависи од нас. Имаме шанса бидејќи останува уште еден натпревар до крајот. Во борба сме со Барселона, со тим кој цели да ја освои Лигата на шампионите“, додаде португалскиот стартег.

Табелата вели дека Барселона е втора со 7 бодови, а Бенфика е трета со 5.

Бенфика во последното коло го пречекува киевски Динамо во Лисабон и има императив победа. Но, будно ќе го следи и резултатот во Минхен каде Барселона ќе му гостува на Баерн. Доколку Барса победи, тогаш Бенфика не ја спасува ништо, но секој друг резултат на Барса, па и реми, ќе им одговара на Португалците, се разбира, доколку го победат Динамо. При ист број на бодови, а тоа може да се случи со сценарио Барса да ремизира и Бенфика да победи, второто место ќе му припадне на португалскиот тим поради подобриот меѓусебен скор (победа 3:0 во Лисабон и реми 0:0 во Барселона).

реклама

Фудбал

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе