Жиру го замолкна Бензема: Јас сум картинг светски шампион

По омаложувачките зборови испратени од напаѓачот на Реал Мадрид, се јави и прозваниот Оливје Жиру кој врати мило за драго.

„Не може да споредувате Ф1 со картинг. Дури и сум нежен со зборовите“, рече пред некој ден Бензема опишувајќи го Жиру и споредувајќи го со него.

Нормално, се очекуваше одговор и од Жиру. Напаѓачот на Челси во интервју за Befoot мудро му врати на Бензема, исмевајќи го дека тој стана светски шампион со Франција, а Бензема не беше во составот.

„Викаат дека не може да се споредува Формула 1 со картинг, а јас на таа тема можам само да кажам дека јас сум светски шампион. Тоа и не е така лошо за еден картинг“, рече Жиру.

И покрај тоа што Жури беше воглавно резерва кај Арсенал, а истата судбина ја доживува и во Челси, тој и натаму ја има довербата од францускиот селектор Дидје Дешан и редовно е дел од репрезентацијата. Досега има 97 настапи и 39 голови.

Бензема, проба малку и да се извади за споредбата, иако остана на ставот дека е подобар од Жиру: „Видете, доколку бев прашан за Роналдо, тогаш тој ќе беше формулата, а јас картингот“. Сепак, и ова остава простор за дискусија бидејќи Бензема направи споредба со пензионираниот Луис Назарио де Лима Роналдо, а не со Кристијано Роналдо. Дали самобендисаниот Карим мисли дека Португалецот не е подобар од него?

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе