Ѕити паста со колбаси - ароматично и вкусно

Печените ѕити тестенини со колбаси се оброк кој можете да го замрзнете и јадете двапати, јадењето е обилно и многу ароматично и вкусно, а брзо се подготвува.

Ѕити е вид на паста од екструдирани тестенини, со потекло од регионот Кампанија. Обликувани се во долги, широки цевки, околу 25 см долги, кои треба рачно да се скршат на помали парчиња пред да се варат. Ѕитите се слични на букатините, но се многу подебели.

Пробајте го овој рецепт за печените ѕити со колбас, едноставно и во исто време гурманско јадење. За брза подготовка и вкусно, сочно јадење, печените ѕити со колбас се вистински избор.

Потребни состојки:

  • 500 гр ѕити
  • ½ кг мелен зачинет или сладок колбас
  • 4 чешниња лук (толчен)
  • 1 конзерва доматно пире
  • 1 лажичка сол
  • 1½ лажичка шеќер
  • ¼ лажичка црвена пипер
  • 1 чаша густа павлака
  • ⅓ чаша плус 3 лажици рендан кашкавал по избор, поделено
  • ⅓ чаша сечкан свеж босилек, плус уште за сервирање
  • 250 гр моцарела
  • маслиново масло

Подготовка:

За печените ѕити тестенини со колбас, ставете да зоврие големо тенџере со солена вода. Гответе ги тестенините според упатството на пакувањето за ал денте, околу 7 минути. Исцедете ја пастата и ставете ја во тава. Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете ја решетката во средна. Загрејте голема тава (по можност нелеплива) на средна топлина. Изронете ги колбасите на поголеми парчиња во тавата и пржете, мешајќи со дрвена лажица, додека не поруменат, 5 до 6 минути. Потоа со решеткана лажица префрлете ги колбасите во чинија. Исцедете ја целата маст освен 1 лажица од тавата и ставете ја на тивок оган (ако немате доволно маснотии во тавата, додадете една лажица маслиново масло). Додадете го лукот и пржете со постојано мешање со дрвена лажица додека не омекне, околу 1 минута. Додадете доматен сос, сол, шеќер и црвена пипер и динстајте 10 минути непокриено, за печените тестенини да бидат вкусни. Додадете павлака, рендан кашкавал, пржен колбас и босилек во тавата; мешајте додека не се соедини.

Внимателно истурете ја содржината на тавата во големото тенџере со тестенините и нежно измешајте да се соедини. Половина од смесата ставете ја со лажица во садот за печење. Посипете со половина од исечканата моцарела и половина од преостанатиот кашкавал. Одозгора ставете ја преостанатата смеса од тестенини и посипете ја со преостанатата моцарела и кашкавал. Префрлете во рерна и печете, непокриено, додека кашкавалот не се растопи и порумени, 15 до 20 минути. Посипете повеќе босилек и послужете ги печените ѕити со колбас.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Рецепти

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Read more

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе