Злато и моќ: Пеколна Mercedes G класа

Познатиот тјунер ја претстави моќната Inferno изведба.

Класата G спаѓа во редот на сериозни теренски возила, но за жал малкумина сопственици се подготвени да ја однесат во кал и да ја извалкаат.

Тоа се сопственици кои сакаат да ја покажат својата моќ и богатство со овој тип на возила. Во Manhart тоа многу добро го знаат, па претставија специјален пакет што ја носи класата G на едно ново ниво.

Но, само кога зборуваме за асфалт. Неговото име е G 800 Inferno, а неговиот изглед и моќ лесно мож да застанат покрај производите од Brabus, па дури и од Mansory. Фејслифтот вклучува каросерија од јаглеродни влакна со продолжетоци на браници, поагресивни браници и хауба со отвори. Има и LED осветлување на покривот и контрастни детали во златна боја. Во златна завршница се и бандажите.

Тјунерот од Вупертал го рафинира и 4.0 V8 твинтурбо моторот, кој сега произведува дури 809 КС и 1170 Nm. Да потсетиме, верзијата AMG на која се базира важи за еден од најбруталните теренци, а има 585 КС и 849 Nm.

Заокружувањето на листата на подобрувања на Manhart е новиот издувен систем од нерѓосувачки челик. Се разбира, клиентот може да очекува и еквивалентно ангажирање во кабината. Единствено сè уште не се знае колку во моментов се наплаќа овој тип на преработка.

реклама

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе