ЗНМ ги осуди јавните закани за насилство кон Огнен Јанески, новинарите и медиумските работници

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира и ги осудува јавните закани, говорот на омраза кон сите новинари и медиумски работници и кон новинарот Огнен Јанески кои беа упатени од страна на гледач во две контактни емисии на 27 јуни 2023 годинa, на ТВ 24.

Поконкретно, во текот на вчерашното издание на емисијата „Во тек“на телевизија 24, која што е од контактен формат, анонимен гледач изнесе закани за тепање на сите новинари од телевизиите, што претставува говор на омраза кон целата новинарска фела, медиумски работници и телевизии вооопшто.

Истото лице преку дополнително јавување во попладневната емисија „Очи в Очи“, вербално му заканил на колегата Огнен Јанески со зборовите: „И овие што се јавуваат и што те поддржуваат, те дигаат до небо, ќе те соборат. Истите тие пак. Ти благодарам за тужбата што ќе ми ја поднесеш. А ќе се сретнеме ние двајца и на друго место, кај што живееш ти“, чин што претставува загрозување на неговата безбедност.

Од ЗНМ велат дека ваквата постапка сметаме дека е крајно недозволива и е директен притисок и закана за безбедноста на новинарите и медиумските работници, но и врз слободата на говорот.

Случајот е пријавен до надлежен јавен обвинител и бараме ОЈО да спроведе брза истрага за ваквите случаи да бидат санкционирани веднаш.

„Овој вид на коментари можат да предизвикаат страв кај новинарите и медиумските работници и да ја загрозат нивната безбедност преку поттикнување на насилство. Крајно време е да се сфати сериозноста на ваквиот вид вербални напади и да се стави крај на несанкционираното однесување на одредени претставници на јавноста.

Според законските измени на Кривичниот закон од февруари 2023 во делот за загрозување на сигурноста предвидуваат нов квалификуван облик, кој освен повисоки казни за повреда на овие права на новинар или друг медиумски работник или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи, обвинителството ќе постапува по службена должност.

Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години“, стои во реакцијата на ЗНМ.

Тагови
реклама

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе