ЗНМ остро реагира на лажните и непроверени медиумски објави за исчезнатата Вања

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот на честа при ЗНМ и Советот за Етика во медиумите (СЕММ), како дел од саморегулацијата во Македонија, излегоа со обединет став во врска со медиумското известување за случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓ. од Скопје.

Оттаму најостро го осудуваат начинот на кој одредени медиуми известуваат за исчезнувањето на 14 годишно девојче од Скопје, со што на груб начин го кршат Етичкиот кодекс на новинарите, пласирајќи неточни и непроверени информации, најчесто преземени од социјални мрежи.

„ЗНМ и СЕММ ги потсетуваaат новинарите, дека мора да ја почитуваат личната болка на семејството, а сите извештаи за несреќи или судски постапки да бидат ослободени од сензационализам.

Во текот на денешниот ден регистрирани се серија текстови со лажна содржина, пренесени од коментари и реакции на социјални мрежи, од неверодостојни профили, за кои не може да се утврди кој стои зад нив. ЗНМ, преку Одлуки на Советот на честа, како и СЕММ, повеќе пати досега се произнесоа дека социјалните мрежи не може да бидат веродостоен извор на информации од кои новинари без да проверат ќе преземат содржини и од нив ќе пишуваат вести или наслови, бидејќи ФБ профилите или профили на другите мрежи се лична одговорност на носителите на профилите, а медиумите имаат обврска да ги проверат информациите пред да ги објават“, стои во соопштението на ЗНМ и СЕММ.

Тие потсетуваат дека објавувањето без проверка, само затоа што некој објавил нешто и некаде на социјална мрежа, а тоа станало вест во медиум, „не ги ослободува медиумите од одговорност“.

„Затоа, ЗНМ и СЕММ, бараат од новинарите и медиумските работници, да се вклучат во известување за случаи како што е исчезнувањето на 14 годишно девојче од Скопје, но строго да внимаваат на професионалните етички стандарди, да не шират страв и паника, да не објавуваат лажни вести и непроверени информации, и на тој начин дополнително да ја подгреваат ситуацијата.

Советот на честа на ЗНМ, постапувајќи по претставки може да исклучи членови од членство во ЗНМ поради повреда на одредбите на Кодексот и затоа, уште еднаш ги повикуваме сите новинари, информациите да бидат крајно внимателно подготвени, со етички избалансирано известување и претходна сериозна проверка.

Медиумите во оваа фаза треба посебно да внимаваат и со изнесување на лични или семејни детали, кои можат да му наштетат на интегритетот на детето.

ЗНМ и СЕММ ги охрабруваат сите граѓани кои ќе забележат прекршувања на Кодексот да ги пријават на соодветен формулар кој се наоѓа на страницата на ЗНМ или на страницата на СЕММ, и на тој начин да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди“, стои во соопштението.

Тагови
реклама

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе