Зошто е-автомобилите од Кина се драстично поевтини од оние од Европа и САД?

Екстремно големите разлики во цените не се последица само на поевтината работна сила во Кина, каде што мал електричен автомобил може да се купи за околу 4.000 евра, туку и на различниот пристап кон електромобилноста.

Дека цените на електричните автомобили во Кина се многу пониски отколку во Европа - не е нешто ново. Затоа европските производители, но и законодавците, се обидуваат да го ограничат појавувањето на „кинеските“ на европските пазари, сметајќи дека претставуваат нелојална конкуренција.

Ваквата разлика, меѓутоа, не е само последица на поевтината работна сила во Кина, туку и поинаков пристап кон електромобилноста.

Додека за многу добро развиената европска автомобилска индустрија, развојот на електричните автомобили како нов масовен производ (не вклучувајќи различни индивидуални студии и прототипи) дојде донекаде принудно, а не како некакво неопходно зло, во Кина ситуацијата се одвиваше нешто поинаку.

Најнаселената земја во светот се одлучи за евтино масовно производство, што ќе овозможи многу побрза и помасовна електрификација на возниот парк во земјата. Ваквото масовно производство, поддржано со обилни државни субвенции (кои сѐ повеќе се намалуваат и/или се укинуваат во Европа), доведува до многу поповолни цени, а со тоа и до поголема продажба.

Според анализата на JATO Dinamycs, на клиентите во Кина им се нуди избор од 235 електрични модели. Во Европа оваа понуда е помала за дури 100 модели, додека во САД се сведува на само 51 модел на електрични автомобили.

Истовремено, просечната цена на електрично возило во Кина е 31.165 евра, додека во Европа е повеќе од двојно повисока - 66.864 евра. Просечниот електричен автомобил во САД чини дури 68.023 евра.

Оттука произлегува дека просечниот електричен автомобил во Кина е 9% поевтин од споредлив модел напојуван од фосилни горива. Во Европа, пак, еквивалентниот електричен автомобил е дури 40% поскап од неговиот колега со СУС мотор.

Како што е случајот со класичните возила, понудата на електрични автомобили во Кина е таква што секој може да најде нешто што одговара на неговиот џеб. Затоа, не треба да чуди што цената на најевтиниот електричен автомобил на кинескиот пазар, моделот BAW Pony е 3.772 евра.

BAW Pony

Во последниве години, крајната цена на автомобилите во Европа и Америка беше под влијание на прекините во снабдувањето и недостигот на суровини и компоненти (поради пандемијата на коронавирус, војната во Украина...), високите плати за работниците во автомобилската индустрија, а во случајот со електричните возила и цената на батериите.

Од друга страна, аналитичарите на JATO Dynamics предупредуваат дека еден од аспектите што може да влијае на драстично пониските цени на кинеските електрични автомобили е сомнежот за принудна работа на вработените во автомобилската индустрија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе