Зошто е „британски сој“, а не смееше да се вика „кинески вирус“?

Појавата и побрзото ширење на новиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2, познат во медиумите и јавноста како „британски сој“ бидејќи таму за првпат беше идентификуван, отвори уште една дебата, што не е поврзана со брзината на неговото ширење или стапка на смртност.

„За неколку месеци овој британски сој, бидејќи многу полесно се пренесува од претходните соеви, ќе стане доминантен и во државава и во многу земји. Овој вирус еволуира многу побавно и најверојатно нема да има потреба од сезонска вакцина. Се смета дека се пренесува за 70 отсто побрзо од претходните соеви, односно доколку требало да се заразат десет луѓе ќе се заразат 17 луѓе. Иницијално излегоа податоци дека нема влијание врз смртните исходи, но сега излегуваат податоци за кои треба да се направат и подетални студии, не сакаме да креваме паника, има некои индикатори дека благо е зголемена и смртноста за 30 отсто. Но, за тоа да стане факт треба подетални студии кои ќе бидат рецензирани од експерти за да се излезе со таа информација“, објасни д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“, за британскиот сој на коронавирусот.

Бранот информации за новиот сој потсети на почетоците на појавата на коронавирусот SARS-CoV-2, уште пред да биде прогласена пандемија, кога ни вирусот немаше име, па се нарекуваше „новиот коронавирус“ и „кинескиот вирус“. Во исчекување на името за вирусот, вторава номенклатура лани во февруари наиде на остри реакции од научната фела.

„Именувањето на нов вирус честопати се одолговлекува и засега фокусот е на заштита на јавното здравје, што е сосема разбирливо“, рече тогаш Кристал Вотсон, научник и асистент во Центарот за здравствена безбедност „Џонс Хопкинс“.

Светската здравствена организација (СЗО) тогаш го препорача привременото име 2019-nCoV, во кое се содржеше годината кога вирусот беше откриен, буквата „n“ за да се укаже дека е нов и „CoV" за „coronavirus“. Но, името во пракса не беше баш прифатено.

„Името што го има вирусот во моментов не е лесно за употреба и медиумите и јавноста имаат други имиња за него“, рече тогаш Вотсон.

„Опасноста што може да се јави кога немате официјално име, како во случајов, е во тоа што луѓето почнаа да го викаат ‘кинески вирус’, а тоа може да предизвика негативни чувства, антагонизам, па дури и фобија кон одредена популација.“

Итната задача за формално именување на вирусите му припадна на Интернационалниот одбор за таксономија на вируси (ICTV). Претходните епидемии послужија како поучни приказни за тимот задолжен за именување на новиот коронавирус.

На пример, вирусот H1N1 во 2009 беше нарекуван „свински грип“ што предизвика масовен колеж на свињи во Египет, иако преносители на вирусот беа луѓето, а не свињите. Официјалните имиња исто така се покажале како проблематични. СЗО го критикуваше името MERS (Middle East Respiratory Syndrome) во 2015.

„Видовме како одредени имиња на болестите може да предизвикаат антагонизам кон одредени религиски или етнички заедници, да создадат неоправдани пречки за патување, трговија и слично, но и да поттикнат масовен колеж на животни за исхрана“, рекоа лани од ICTV.

Како резултат на овие околности, ICTV тогаш излезе со препораки што НЕ ТРЕБА да содржи името на новиот коронавирус:

  • Географска одредница
  • Име на човек
  • Име на животно или вид на храна
  • Алудирање на одредена култура или индустрија

Имајќи го ова предвид, неизбежно се поставува прашањето: Зошто е во ред сега да го користиме терминот „британски сој“, а беше погрешно да го викаме „кинески вирус“, иако засега сите докази укажуваат на тоа дека вирусот преминал од животни на луѓе токму во кинески Вухан.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Наука

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе