Зошто е опасно да додавате сол во храната по готвењето?

Луѓето кои додаваат сол во храната што веќе е послужена се соочуваат со зголемен ризик од рана смрт, покажа новото истражување.

Студијата на повеќе од 500.000 луѓе заклучила дека оние кои секогаш додавале сол во храната имаат 28 отсто поголеми шанси за прерана смрт во споредба со луѓето кои тоа го прават ретко или никогаш не го прават.

Типично, три од секои 100 луѓе на возраст од 40 до 69 години умираат рано во општата популација. Но, истражувањето објавено во European Heart Journal покажа дека уште еден од 100 може да умре предвремено како последица на дополнителното солење.

Мажите на возраст од 50 години би можеле да изгубат околу 2,28 години од животот доколку консумираат дополнителна сол, покажа студијата.

За жените на иста возраст, очекуваниот животен век може да се скрати за околу една и пол година.

Во текот на деветгодишното следење по собирањето податоци во периодот од 2006 до 2010 година, евидентирани се речиси 18.500 предвремени смртни случаи (под 75 години).

Новата студија беше предводена од професорот Лу Чи од Универзитетот за јавно здравје и тропска медицина Тулејн во САД.

„Во западната исхрана, додадената кујнска сол сочинува од шест до 20% од вкупниот внес на сол и обезбедува уникатен начин да се процени поврзаноста помеѓу вообичаеното внесување натриум и ризикот од смрт“, рече професорот, кој соработуваше со колегите од Медицинскиот факултет Харвард.

Дури и „скромното намалување“ на внесот на натриум може да резултира со значителни здравствени придобивки.

Истражувањето ги зеде предвид факторите кои би можеле да влијаат на резултатите, вклучувајќи ги возраста, полот, расата, лишеноста, индексот на телесна маса (BMI), пушењето, внесот на алкохол, физичката активност и исхраната, заедно со здравствените состојби како што се дијабетес, рак и срцеви заболувања.

Ризиците од рана смрт поврзани со додадена сол беа малку намалени кај луѓето кои јадеа повеќе овошје и зеленчук - но разликата не беше „значајна“.

„Бидејќи нашата студија е прва што објави поврзаност помеѓу додадената сол во исхраната и смртноста, потребни се дополнителни истражувања за да се потврдат наодите пред да се дадат препораки“, рече тој.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе