Зошто КОВИД нема да биде болест како грипот?

Откако Англија почна да се подготвува за укинување на мерките, пораките на министрите за здравство се променија.

Се чини дека достигнавме пресвртна точка во пандемијата кога личната одговорност ќе ги замени ограничувањата наметнати од властите. Новата мантра на политичарите е живот со коронавирусот, исто како и во случај на сезонски грип. Но, дали е можно такво нешто или животот со КОВИД може да наликува на животот со грип?

Експертите безброј пати за време на пандемијата ги споредувале карактеристиките на COVID-19 и грипот и јасно е дека овие болести имаат некои заеднички карактеристики. И грипот, и КОВИД се предизвикани од инфективни, потенцијално смртоносни респираторни вируси. Двете болести можат да се шират со аеросоли (фини честички), капки и преку контаминирани површини.

Тие исто така делат некои исти симптоми како висока температура, кашлица, главоболка и замор. Затоа, не е ни чудо што лекарите имаат проблем да ги препознаат и дека е потребно тестирање за да се утврди дали некој е заразен со COVID-19.

Значителни разлики

Но, постојат и некои големи разлики помеѓу двете инфекции. Коронавирусот се шири побрзо од грипот и може да предизвика далеку посериозно заболување. Инкубацијата трае подолго, односно симптомите на инфекција со коронавирус се манифестираат подоцна од оние на грип, а заразените се заразни за другите подолго време, пишува The Guardian.

Сезонскиот грип циркулира во популацијата доволно долго за да може вакцините и претходните инфекции да штитат од смрт. Репродукцискиот број (R) за грип, односно бројот на лица кои ќе бидат заразени од заразено лице, во просек е 1,28. Ова значи дека четири лица заразени со грип може да ја пренесат болеста на уште пет други лица.

Коронавирусот се шири полесно и побрзо од грипот. R за делта варијантата, која сега се шири низ целиот свет и стана доминантна во Велика Британија, во просек е седум; што значи дека едно заразено лице може да зарази седум други, додека четири може да заразат дури 28.

Коронавирусот исто така е посмртоносен од грипот. Се проценува дека сезонскиот грип во Англија во текот на трите сезони на грип од 2015 до 2018 година е одговорен за смртта на 44.505 лица. Толку многу луѓе починаа од COVID-19 во Англија само во првите девет недели од 2021 година.

Вакцината против КОВИД заштитува повеќе од вакцината против грип, но...

Вакцините против грип се сметаат за ефикасни доколку обезбедат 50% заштита. Најчесто користените вакцини за коронавирус во Велика Британија, оние на Oxford/AstraZeneca и Pfizer/BioNTech, го намалуваат ризикот од хоспитализација за повеќе од 90%. Како резултат, вакцините значително ја намалија смртноста од КОВИД во Англија, на помалку од 20 на ден во текот на изминатите неколку недели; имајќи предвид дека сега бројот на смртни случаи во Велика Британија започна пак да расте.

Со оглед на тоа што вакцините против коронавирус во многу поголем процент спречуваат потешко боледување и смртни случаи отколку самата инфекција, експертите очекуваат да се зголеми бројот на нови инфекции во Велика Британија да расте уште некое време. Колку е поголемо зголемувањето на инфекциите, толку е поголема веројатноста вирусот да зарази оние кои припаѓаат на ранливи групи и кои можат да развијат потешки симптоми и покрај вакцинацијата, но исто така и поголема е можноста за развој на нови соеви кои можат да бидат отпорни на постојните вакцини.

Секоја година, научниците ширум светот ги следат и анализираат соевите на грип кои во моментот се во оптек, за да предвидат кој од нив може да претставува закана следната сезона и соодветно да развиваат специфични вакцини.

Таков глобален систем за следење на соевите на SARS-CoV-2 сè уште не постои. И покрај добро подмачканиот механизам кој се обидува да ја заштити целата светска популација од грип, сепак имаме релативно голем број смртни случаи во текот на сезоната. Секоја зима, грипот создава огромен стрес за здравствените системи, што би значело дека „живеењето со корона“ би претставувало двојно оптоварување на медицинскиот систем, бидејќи нападите на грип и потешките, или повеќебројни случаи на COVID-19 би се појавиле во истиот период.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе