Зошто Мексико го промени фудбалскиот амблем?

После долги години Мексиканската фудбалска федерација претстави ново лого, многу поразлично од досегашните.

Препознатливото лого на дресовите од фудбалската репрезентација на Мексико замина во историја. Сега ново лого ќе проба достојно да го замени старото.

Во вторникот вечерта Мексиканците јавно го претставија конечното решение за новиот дизајн на логото под кое фудбалерите ќе ги бранат боите на својата земја. Новото лого го содржи името на земјата со големи букви, а орелот сега делува повеќе апстрактно.

Сменет е и познатиот Сончев камен на Ацтеките кој сега е модернизиран до непрепознатливост, а смалена е и топката. Збогатени се боите од националното знаме, а исфрлен е натписот на Фудбалската федерација на Мексико.

„Дојде време да ги издвоиме најдобрите делови од нашето минато, но и да се модернизираме. Не можевме да дозволиме да дојдеме до 2026 година (кога Мексико ќе биде кодомаќин на Мундијалот со Канада и САД) со лого кое повеќе не е современо. Ова ни беше шанса која моравме да ја зграпчиме. Имавме среќа да добиеме совети од неколкумина дизајнери, и на крајот, добивме и огромна поддршка од напшите спонзори и комерцијалниот партнер Adidas. Нивната дизајнерска експертиза ни овозможи да го создадеме ова ново лого. Го тестиравме преку фокус групи низ цело Мексико и резултатите беа многу позитивни“, вели претседателот на ФМФ, Јон де Луиса, говорејќи за The Athletic.

Кога на дресовите ќе дебитира новото лого, останува да видиме. Мексико има пријателски натпревар на 8 декември против Чиле на неутрален терен во САД, па можеби токму тогаш мексиканските фудбалери ќе истрчаат со новото лого на градите. Ако не, потоа им следуваат три натпревари на крајот на јануари и почетокот на февруари во рамките на квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.

Низ историјата логото на Мексико секогаш било речиси идентично, со одредени измени. Секогаш кога воведуваа ново лого тоа ја задржуваше основата структура со Орелот што стои на Сончевиот камен, кој е пак целосно доаѓа до израз. Но, сега е ново време...

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе