Зошто не треба да ги игнорирате болните овулации?

Во повеќето случаи, непријатноста при овулација е кратка и безопасна.

Може да забележите абдоминална болка неколку минути или дури неколку часа на денот кога се сомневате дека овулирате, пренесува Healthline.

Овулацијата вклучува отекување и потоа пукање на фоликуларната циста за ослободување на јајце-клетката.

По ослободувањето на јајце-клетката, јајцеводите се собираат за да им помогнат да стигнат до сперматозоидите кои чекаат за оплодување. Крвта и другите течности од пукнатиот фоликул може да навлезат и во абдоминалната празнина и карлицата при овој процес и да предизвикаат одредена иритација, објаснуваат гинеколозите.

Чувството на болка за време на овулацијата може да варира од досадна болка до остри сензации. Исто така, болката може да биде придружена со исцедок, а понекогаш дури и со слабо крварење. Меѓутоа, ако болката стане премногу силна или трае предолго, треба да се консултирате со гинеколог. Како што објаснуваат, постојат неколку причини зошто би можеле да имаме болна овулација, а тие не се толку безопасни.

Тие вклучуваат:

една или повеќе цисти на јајниците

ендометриоза

инфекција

сексуално пренослива болест

ектопична бременост.

Токму поради се почестите гинеколошки проблеми, лекарите на секоја жена ѝ препорачуваат задолжителен гинеколошки преглед еднаш годишно, но почесто доколку има проблем што треба да се третира или симптоми кои не изгледаат вообичаено.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе