Зошто ни се спие кога врне дожд?

Има ли нешто потешко од станување од топлиот кревет додека надвор врне дожд? Кога доаѓа есента, денот е пократок, температурите пониски, а дождовните капки создаваат заспивна мелодија додека удираат по прозорците од спалната соба.

Ако имате проблеми да функционирате додека надвор паѓа дожд и ако сакате на дождлив ден цело време да спиете, не се грижите. Не сте единствени. Истражувањата покажаа дека повеќето луѓе го имаат тој проблем, а науката има објаснување.

Нашите тела се во склад со природата. Науката во повеќе наврати потврди дека постои врска меѓу временските прилики и нашата емоционална состојба. Студија од 2011 година потврди дека 9% од луѓето полесно се лутат кога надвор врне дожд, а истите животни ситуации нема да ги вознемират до таа мера за време на сончевите денови.

Оваа ситуација има врска и со ултравиолетовото зрачење, односно со неговиот недостиг. Докажано е дека сончевата светлина го зголемува нивото на серотонин, хормон на среќата кој ни недостига во текот на дождливите денови.

Ако денот е врнежлив, има малку дневна светлина, па телото лачи помалку серотонин, што нѐ прави попоспани од вообичаено.

Виновник што ни се спие кога врне е и влагата.

„Во деновите кога дождот го прави воздухот тежок и леплив, влагата може да биде исцрпувачка поради механизмот што телото го користи за да се олади“, смета д-р Мишел Дреруп од клиниката во Кливленд.

Тагови
реклама

Живот

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе