Зошто новата облека треба да се испере пред носење?

Перењето алишта после нивното купување за некои претставува редовна практика, но голем е бројот на оние кои никогаш не го прават тоа.

Лекарите предупредуваат дека ако не ја исперете облеката може да предизвикате бројни здравствени компликации, вклучително и контактен дерматитис.

Покрај тоа што чешањето може да биде неподносливо, тоа може да трае и со недели.

„Кога гледаме алергиски контактен дерматитис, тоа е обично од боите што се користат за боење на облеката“, вели за The Times директорката на болницата Медицински центар Кливленд и професор по дерматологија, д-р Сузан Дедорост.

Дисперзивните боите се користат во синтетички материјали, за облека како полиестер и најлон. Професорката истакнува дека потењето и триењето на телото може да предизвикаат ширење на бојата од облеката. Синтетичка опрема за вежбање, сјајните и еластични водоотпорни материјали кои се толку популарни денес често се виновни за овие проблеми.

„Ако дојде пациент и има осип на задниот дел од вратот, околу колковите или околу пазувите, првото прашање што го поставувам е што носи кога вежба“, вели таа.

Не е познато колку се чести алергиите на овие бои, но постои еден начин да се ограничи ризикот од лоши реакции.

„Со перење на новата облека можете да го отстраните вишокот боја за ткаенини и со тоа да ја намалите изложеноста на можни проблеми“, посочува д-р Дедорост.

Алергиските исипи не се единствениот здравствен проблем поврзан со хемикалиите. Во истражување од 2014 година, група истражувачи од Универзитетот во Стокхолм тестираа 31 примерок од облека купена во малопродажни места.

Биле со различни бои, материјали, брендови, цени, а биле наменети за широк пазар. Пронајдоа еден вид хемиско соединение наречено кинолин (или еден од неговите деривати) во 29 од 31 примерок, а нивото на оваа хемикалија беше особено високо во облеката од полиестер.

Кинолинот се користи во бои за облека, а американската Агенција за заштита на животната средина го класифицираше како „можен канцероген кај луѓето“ врз основа на некои истражувања кои го поврзуваат со „активност која предизвикува тумор“ кај глувци, иако агенцијата, исто така, рече дека ниту една студија не е спроведена на луѓе.

Улрика Нилсон, член на групата на Универзитетот во Стокхолм и професор по аналитичка хемија, ги споменува нитроанилините и бензотиазолите, две други хемиски соединенија кои се појавуваат во облеката и се поврзани во лабораториски и животински докази со потенцијални негативни здравствени ефекти, вклучително и карцином.

Некои од овие хемикалии може да се најдат подлабоко во ткивата и на крајот може да се рашират и на кожата.

Во секој случај, миењето на новокупената облека е задолжително, и поради споменатите соединенија, и поради други нечистотии, од складирање до проби во продавници.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе