Зошто поевтинуваат автомобилите на Tesla во Европа и САД?

Илон Маск ги намали цените на своите електрични автомобили на европскиот и американскиот пазар.

Откако постепено ги зголеми цените на своите возила, производителот на електрични автомобили Tesla сега драстично ги намали во обид да привлече нови купувачи на електрични автомобили. Овие намалувања се однесуваат на Европа и САД, а во зависност од моделот и пазарот достигнуваат и до 20%.

Овој потег, кој доведе до пад на акциите на компанијата за 4,5 отсто, дојде откако извршниот директор Илон Маск изјави дека поради рецесијата и повисоките каматни стапки мораат да го одржат растот на продажбата на сметка на профитот, пренесува Reuters. Постабилната инфлација на трошоците исто така беше фактор за намалување на цените, изјави портпаролот на компанијата Tesla во Германија, потврдувајќи го намалувањето на цената на најголемиот пазар во Европа.

„Ова навистина треба да го зголеми обемот на продажба во 2023 година“, рече во твит инвеститорот на Tesla, Гери Блек, кој остана нахакан и покрај неодамнешниот остар пад на цените на акциите. „Тоа е вистинскиот потег“.

Нови цени

Кога станува збор за американскиот пазар, Tesla ги намали цените на електричните возила Model 3, Model Y, Model X и Model S. На пример, цените на автомобилите Model 3 и Model Y се намалени за 6 до 20%, па моделот Y сега чини 52.990 долари, што е значително помалку од 65.990 долари што ги чинеше претходно. Секако, има и државни субвенции до 7.500 долари за многу модели на електрични возила, кои стапија на сила на почетокот на јануари.

Во Германија, Tesla ги намали цените на моделите Model 3 и Model Y меѓу 1 и 16 отсто, а намалувања беа забележани и во Австрија, Швајцарија и Франција, каде што клиентите кои ќе купат Model 3 за 44.990 евра ќе добијат дополнително намалување на цената преку владина субвенција од 5.000 евра.

Сепак, не сите се ентузијасти за новите цени. На некои форуми, неодамнешните купувачи на овие електрични автомобили се пожалија дека овие попусти ќе ја намалат цената на користените модели и дека сметаат дека платиле премногу.

„Попуст од 10.000 евра дефинитивно ве тера да мислите дека сте платиле премногу“, рече еден член на форумот Tesla Drivers and Friends.

На другата страна на светот, во Кина, каде што Tesla минатата недела ги намали цените за 6 до 13 отсто, новите сопственици на овие електрични автомобили протестираа пред центарот за испорака, барајќи компензација за разликата.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе