10 неверојатни факти за Bugatti Veyron кои можеби не сте ги знаеле

Првиот хиперавтомобил на Bugatti ќе остане запишан во историјата како возило што ги помести границите на автомобилската индустрија.

Автомобилот кој со своето покавување на почетокот на овој век го направи невозможното, влезе во историјата по 450 произведени примероци.

Наследството на Veyron сигурно ќе биде интересно за многу идни генерации автомобилски ентузијасти, за генерациите кои доаѓаат и кои допрва ќе им се восхитуваат на неверојатните работи што го прават овој автомобил толку посебен.

За некои од нив можеби имате слушнато досега, а денес ви претставуваме десет неверојатни факти за Veyron кои можеби не сте ги знаеле. И едно бонус видео.

1. Енергијата што се ослободува при целосно оптоварување на моторот на Bugatti Veyron е толку голема што може да загрее десет семејни куќи во зимски услови.

2. Потребни се петнаесет часа за да се произведе еден ладилник за Veyron, а секој примерок има по десет ладилници.

3. Сопирачките на Bugatti Veyron можат да издржат температура до 1.800 степени Целзиусови.

4. Воздушните сопирачки на Veyron, под агол од 55 степени, генерираат дури 70% од силата на сопирање на просечниот автомобил.

5. Veyron користи специјално произведени гуми развиени од Michelin. Задната гума е широка дури 37 сантиметри, а интересно е што замената на овие гуми чини околу 70.000 долари.

6. Потребни се дури осум работни дена за да се направи резервоар за гориво од 100 литри за Bugatti Veyron.

7. Потребни му се само 2,8 секунди за да забрза од 0 до 100 км/ч, а интересно е што е потребно дури и помалку од тоа да закочи од 100 до 0 км/ч.

Remote video URL

8. Секој нов автомобил се тестираше на 500 километри, а потоа беше враќан во фабриката каде што му беше правено полирање кое траеше цели два дена.

9. Со максимална брзина, Veyron „цица“ дури 47.000 литри воздух во минута, што одговара на количината на воздух што просечен човек ја вдишува во текот на четири дена.

10. Кога Veyron се вози со максимална брзина, резервоарот за гориво од 100 литри се троши за само 12 минути.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе