10 совети како да ги зачувате бришачите во текот на зимата

Зимата за бришачите носи особено тешки предизвици, а мразот брзо може да ги уништи. Затоа, еве неколку совети како да ги зачувате бришачите од оштетување, за да не морате да купувате нови среде зима, кои исто така брзо ќе настрадаат поради истите грешки.

Траењето подолго на бришачите не е само од финансиски причини, туку и да можете добро да ја избришете шофершајбната за да го видите патот - безбедноста на прво место!

Малку внимание и труд може да заштеди многу пари, но и да го направи возењето во лоши временски услови многу побезбедно.

1) Не вклучувајте ги бришачите пред да ја исчистите шофершајбната од снег и мраз.

Не само што може да се оштетат четкичките на бришачите поради мразот, при одлепување од шофершајбната доколку дошло до такво нешто, или за време на работата на самиот бришач, туку може да предизвика и многу посериозно и скапо оштетување на целосниот систем на бришачите.

2) Вметнете некој материјал под бришачите - едно од решенијата е да го вметнете материјалот под бришачите за да не се во директен контакт со шофершајбната. За таа цел може да се користат ткаенини, картон, весници, каталози и слично.

И ова решение може да има свои недостатоци во зависност од временските услови и материјалот што го користите, бидејќи бришачите може да се залепат за материјалот што сте го ставиле под нив.

Од практични причини не можеме да гарантираме дали бришачите ќе се залепат, т.е.соединат со ткаенината, картонот или хартијата, особено ако температурата е доволно висока за материјалот да се натопи во вода и потоа таа вода да замрзне - ова е ситуација кога нема соодветна превенција.

Секако, ова решение може одлично да функционира доколку не станува збор за екстремни временски услови.

3) Можете да ставите картон или ќебе преку целото ветробранско стакло и да го фиксирате со бришачите (со тоа истовремено ги одвојувате бришачите од шофершајбната и спречувате лепење), но и да врзете многу тенко јаже на краевите, практично конец, кој ќе го вметнете во кабината и ќе ја затворите вратата. Ова ја намалува можноста ветерот да го подигне тој картон или ќебе и сепак да ги оштети бришачите. Ова јаже може и да го врзете во кабината за да не излегува.

Секако, не можеме да ви гарантираме ништо за можното оштетување на кедарот (гумата околу вратата) - зависи од дебелината на јажето што го користите, временските услови итн. Во секој случај постои ризик.

Ова „решение“ истовремено ја намалува појавата на мраз на шофершајбната и го спречува контактот помеѓу бришачите и шофершајбната.

Лепењето или „соединувањето“ на бришачите и картонот или ќебето е посебна приказна, бидејќи зависи од материјалите од кои се направени, како и од други фактори.

4) Веднаш вклучете го автомобилот и ставете ја вентилацијата во режим на одмаглување - температурата треба да биде максимална. Бидејќи моторот е ладен и ќе дува само ладен воздух, не очекувајте шофершајбната да се одмрзне за неколку минути, но колку подолго работи моторот, толку порано до стаклото ќе почне да допира колку-толку потопол воздух.

Значи, вклучете го автомобилот, греењето на најсилно, дувањето накај на шофершајбната, а вие посветете се на отстранување на мразот и одмрзнување, односно откачување на бришачите.

Потсетуваме дека моторот што работи во лер „ја крева температурата“ многу бавно, така што овој чекор може да биде од многу мала или речиси никаква помош, но подобро е и тоа отколку да го вадите мразот од изгаснат автомобил и дури потоа да го стартувате.

5) Купете посебно средство за одмрзнување на стаклото - ова средство можете да го користите и за одмрзнување на бришачите, односно за откачување од шофершајбната. Има најразлични средства, најчесто во форма на спреј.

6) Средството за одмрзнување стакло или „направи сам“ распрскувач со течност (алкохол разреден со вода) чувајте го во автомобилот - исто така чувајте и резерва во автомобилот. Така ќе можете да го решите проблемот и доколку затекнете бришачи залепени за шофершајбната кога ќе излезете од работа, ќе се вратите од посета на пријатели или роднини...

7) Наводно, спрејот за одмрзнување стакла може да помогне и превентивно - ако навечер се прска под и околу бришачите, како и на самите бришачи.

Дејството на ова средство треба да спречи бришачите да се залепат на шофершајбната. Нема сигурност дека ќе успее, но секогаш имате можност сами да го тестирате и проверите овој рецепт.

8) Висококвалитетната зимска течност за миење на шофершајбната помага да се зачуваат и бришачите. Затоа, добра идеја е да купите течност од реномиран производител и тоа на лице место (продавница, пумпа...) каде што ќе можете да ја вратите на рекламација доколку нешто не е в ред.

9) Зимската течност за миење шофершајбна со текот на времето ги губи карактеристиките што ги имала по отворањето на оригиналното пакување, односно почнува да замрзнува на повисока температура од декларираната.

Работата е во тоа што покрај другите адитиви (додатоци), содржи и алкохол (етанол) како антифриз, а алкохолот испарува многу побрзо од водата, па неговата концентрација во течноста со текот на времето се намалува и со тоа ја зголемува точката на замрзнување на течноста (ќе замрзне на повисока температура отколку што треба). Имајте го ова на ум, за да не ја држите истата зимска течност премногу долго во шишенцето.

10) Може да помогне и тоа што пред да го оставите автомобилот на паркинг, без разлика дали е отворен или затворен паркинг, ќе го очистите преостанатиот снег и мраз на и околу бришачите, доколку ги има. Не е на одмет и да ја избришете водата со крпа, иако тоа можеби нема да биде многу корисно во зависност од временските услови.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе