11 интересни факти за Јамајка

Кристофер Колумбо е официјално првиот Европеец кој ја открил Јамајка во мај 1494 година, но тоа воопшто не значи дека земјата не постоела и пред неговото доаѓање.

Еве неколку интересни факти за Јамајка што веројатно не сте ги знаеле, а можеби и ќе ве изненадат:

1. Оваа карипска земја има население од околу 2.900.000 жители, главно со африканско потекло. Областа на островот е речиси 11.000 квадратни километри, што го прави трета по големина држава од Големите Антили.

2. Пред да биде колонизирана била населена со домородните племиња Аравак и Таино, кои ѝ го дале името Шајмака (Xaymaca), што во превод од локалниот јазик значи „земја на дрвјата и водата“ или „земја на пролетта“. Оттаму произлегува и англиското име Џамејка (Jamaica) кое денес е официјално на државата.

3. На петтиот ден од мај 1494 година, Кристофер Колумбо ја нашол Јамајка и ја прогласил за шпанска сопственост која го носела името Сантјаго. По 150 години преминала во рацете на Англичаните и станала првиот остров на овие простори каде се зборувало англиски.

4. Јамајка е позната како еден од најголемите извозници на манго, банани и шеќерна трска, но тие не се домашни култури, за разлика од популарните аки. Исто така, на овој тропски остров растат над 200 видови орхидеи.

The referenced media source is missing and needs to be re-embedded.

5. За да се ослободат од стаорците, во 1872 година на островот биле донесени мунгоси. Освен стаорци, овие животни слични на мачки ги изеле и речиси сите змии, па сега речиси и да нема змии на островот, што ја прави Јамајка популарна туристичка дестинација.

6. Како поранешна колонија, Јамајка е дел од Комонвелтот, а кралицата Елизабета II има свој гувернер во „земјата на дрвјата и водата“ – кој има протоколарна функција. Во 1962 година Јамајка стана првата земја од Карибите која стекна независност.

7. Од сите земји во светот, само Јамајка има знаме кое нема црвено, сино или бело.

8. Национален пијалак на Јамајка е рум.

9. Иан Флеминг ги напишал сите 14 продолженија за Џејмс Бонд на Јамајка. Јамајка инаку е препознатлива во светот по своите уметници, меѓу кои и познатиот Боб Марли. Малку е познат фактот дека овој остров произведува најмногу музика по глава на жител.

10. Најпопуларниот спорт на овој остров е крикетот, а островот е дом на еден од најбрзите луѓе во светот - Јусеин Болт. Друга интересна работа кога зборуваме за спорт е тоа што оваа островска држава има свој олимписки тим за боб, иако нема зима.

11. Според некои истражувања, Јамајканците се на врвот на листата на најсреќни луѓе во светот. Невообичаен, но многу убав факт е дека на овој остров се раѓаат голем број близнаци и тројки.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе