13-годишно девојче зборува 20 јазици
Ова девојче од Америка е вистинско чудо кога станува збор за јазици. Затоа и гостуваше на YouTube каналот на Воутер, Холанѓанец кој зборува 23 јазици.
Кемерон покрај својот мајчин англиски зборува и шпански, кинески, тајвански, корејски, јапонски, хавајски, бразилски португалски, француски, австриски германски, виетнамски, руски, украински, арапски, хинди, германски, тајландски, индонезиски, холандски, фински и тагалог.
Првот јазик кој го научила бил германскиот дијалект кој се зборува во Австрија. За некои од јазиците, за да ги научи основните работи за комуникација, ѝ биле потребни само неколку денови.
Целта ѝ е да научи 103 јазици со што би влегла и во Гинис како човек кој зборува најмногу јазици.