4 трикови за старото палто да добие нов сјај

Не очајувајте ако во моментот немате можност да се почестите со ново палто - минатогодишниот модел можете да го обновите со менување на деталите или поставата, со соодветно одржување.

Ако не сте во можност да го однесете палтото на хемиско чистење за да се уверите дека е свежо и чисто за оваа сезона, користете ги овие совети.

Користете пареа

Кога облеката е спакувана, лесно се гужва. Потоа на неа се формираат набори, а поради нив изгледа старо и истрошено. Не го пеглајте палтото, само кон него насочете ја пареата од пеглата. Ако никогаш досега не сте пареле облека, закачете го палтото на закачалка на задната страна од вратата и поминете го со парен апарат или пегла од крај до крај, но држејќи растојание.

Копчиња - моден детаљ

Еден од најефективните и најевтините начини за целосно менување на изгледот на палтото е да ги смените неговите копчиња. Секако, треба да се водите според големината на дупките на палтото, а понекогаш многу светлите бои на копчињата ќе ја направат многу потребната промена. Комбинирајте ги и материјалите - дрвени, тапацирани или метални копчиња можеби се вистинскиот избор за модната промена што ја барате.

Јака од вештачко крзно

Јаки, крагњи и манжетни од вештачко крзно веќе со години се популарни. Уште подобро, многу од овие делови се отстранливи и се перат во машина. Прво проверете ја етикетата и ако е така, превртете го наопаку палтото и ставете го на ладно перење на 30 степени користејќи благ детергент. Оставете го да се исуши на широка закачалка, отстранувајќи го вишокот вода така што ќе го ставите помеѓу две крпи. Кога ќе се исуши, исчешлајте ги влакната од јаката со мека четка.

Отстранете ги грутките од волна

Ако палтото ви е од волна, веројатно ќе забележите формирање на грутки, топчиња од волна. Тие обично се наоѓаат под пазувите и каде што вашата чанта отстрана се трие. Тоа го предизвикуваат искинати влакна, а најчесто се јавува кај облека од волна измешана со синтетички ткаенини, како полиестер.

Овој вид на дотраен материјал ќе направи вашето палто да изгледа постаро отколку што навистина е, па затоа е добра идеја да го отстраните. Користете машинка за џемпер, која ќе ја освежи секоја површина брзо и без никакви оштетувања. Ако вашето палто е направено од кашмир, обидете се да користите самолеплив валјак за исклучително нежно отстранување.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе