Активни 2.995 случаи со COVID-19, најмногу во Скопје

Бројот на активни случаи на COVID-19 во земјава и натаму се одржува на околу 3.000, од кои најмногу се во Скопје, Куманово, Гостивар, Штип и Тетово. Без активни на коронавирусот се само Крушево и Валандово.

По повеќедневниот трицифрен биланс на заразени, вчера беа регистрирани помал број новозаболени 78, но беа направени и помалку тестирања - 860. Оздравеле 40, а четири лица починаа. Досега во земјава се направени вкупно 138.325 тестирања. Од почетокот на епидемијата се евидентирани 13.673 позитивни на COVID-19, излекувани се лица 10.150, а починаа 568.

Бројот на активни случаи во моментов изнесува 2.995.

Најмногу се бележат во Скопје 876, во Куманово 340, во Штип 258, Гостивар 312, во Тетово 172, во Струга 140, во Кавадарци 101, во Кичево 100, во Дебар 77, во Свети Николе 65, во Прилеп 63, во Охрид  59, во Битола 55, во Виница 41, во Велес 33, во Македонски Брод 36, во Кочани 30, во Берово 30, во Делчево 29, во Демир Хисар 27, во Гевгелија 24, во Струмица 22, во Пробиштип 21, во Неготино 14, во Крива Паланка 12, во Радовиш 11, Пехчево четири кативни случаи, во Кратово два случаи, во Ресен има еден активен случај, а без ниеден се Крушево и Валандово.

Вкупно се хоспитализирани 319 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 39, а седум се на механичка вентилација.

Надлежните повторно апелираат да се почитуваат мерките и воведените протоколи, да се носат маски и да се држи неопходната дистанца.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 445 граѓани кои не носеле лична заштита на лицето, за што ќе бидат соодветно санкционирани.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Read more

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Read more

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Read more

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Во Индија падна огромен билборд, загинаа 14 лица

Читај повеќе

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Читај повеќе

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе

Украина: Соборивме руски борбен авион

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе