УЕФА ЕУРО 2020

Албумот за ЕУРО 2020 конечно излезе и кај нас

Филип Здравески
/ 02.04.2021 / 13:18

Порано од очекуваното, денеска во продажба во Скопје излезе албумот на Panini каде за прв пат ја има и репрезентацијата на Македонија.

Фото: Филип Здравески

Продажбата низ цела Македонија, како што беше најавено, ќе почне од 5 април, но денеска колекционерите од главниот град добија мало изненадување откако албумот се појави во продажба во продавницата за странски списанија „Свет“ на ул. „Максим Горки“ во самиот центар.

Од утрината се забележуваше ред за влез и набавка на долгоочекуваниот албум. Се влегува по еден купец, а редот граѓаните одлично го запазуваат и почитуваат. Пред влезот има и средство за дезинфекција.

Фото: Филип Здравески

Албумот чини 80 денари, додека едно пакетче е 40 денари, а во него има по 5 сликички. Со самиот албум добивате 6 гратис сликички, што е задржување на стандардот од претходните првенства. Има вкупно 654 сликички плус уште 14 кои се означени со латиничната буква C.

Remote video URL

Како што велат од дистрибутерот, од утре албумот ќе се појави и во други продавници низ Скопје, додека дистрибуцијата низ цела Македонија почнува од понеделник.

Сега уште да се вакцинираме, па сите на Фонтана во парк да се менуваме.

Тагови
реклама

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе