Алегри: Јувентус загуби пет бода на почетокот на сезоната, но мора да учиме од ова

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги кажа своите впечатоци по првите две кола во новата сезона во Серија А.

Неговиот тим во првото коло одигра нерешено, а синоќа во втората рунда загуби дома од Емполи (0:1).

– Мораме да бидеме трпеливи, да играме како тим и да не се обидуваме да ги решаваме проблемите изолирано. Треба да работиме понапорно, но овие два кикса неизбежно ќе ни користат. Не можеме да претпоставиме дека ќе преземеме иницијатива и ќе го контролираме секој натпревар. Потребна ни е смиреност што ја има секој одличен тим. Очигледно, загубивме пет бода, но мора да учиме од ова, изјави Алегри.

Јувентус пред почетокот на сезоната остана без својот најдобар фудбалер, Кристијано Роналдо. Португалскиот напаѓач се пресели во Манчестер Јунајтед.

Во следното коло Јувентус ќе игра на гости кај Наполи. 

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе